Генерацијата 1966/1967 од ГУЦ „Нико Нестор“ прослави 50 години матура

Генерацијата 1966/1967 на градежни техничари, ниско и високо градба од ГУЦ „Нико Нестор“ вчера ја одржа својата прослава по повод 50 години од матурирањето.

матура Нико Нестор

Во далечната 1967 година од оваа генерација средно училиште завршиле вкупно 50 ученици, а на вчерашната прослава беа присутни 15, заедно со нивниот професор Иван Новевски.

Атмосферата на настанот беше срдечна и емотивна со евоцирање на спомени од средношколските денови, а присутните си посакаа повторно видување за 3 години.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk