Заев-Могерини: Прогрес во реформите за забрзување на евроинтегративниот процес

Пораката од високата претставничка од ЕУ, Могерини е дека ако реформите бидат спроведени, Европската Унија е подготвена да возврати.

Новата Влада е одлучна да ги спроведе неопходните реформи за забрзување на евроинтегративниот процес на Република Македонија, истакнал македонскиот премиер Зоран Заев на средбата со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседателка на ЕК, Федерика Могерини.

Заев-Могерини

„Во интерес на граѓаните на Македонија е иницијативата за нова динамика во евроинтегративниот процес. Нашата цел е до есен да обезбедиме доволен прогрес во клучните реформски области, со што ќе дадеме доволно аргументи на Европската комисија да презентира нов извештај пред земјите членки, со обновена препорака за отпочнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ“, наггласил Заев.

Македонскиот премиер, како што соопшти службата за информирање на Владата, посочил и дека добрососедските односи и регионалната соработка, засновани на меѓусебно почитување, се силна определба на Владата. На средбата било нагласено како важно отворањето на поглавјата 23 и 24 од претпристапните преоговори.

Високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Могерини, изразила цврста поддршка на реформските напори на новата Влада и најави дека Македонија има силен сојузник во ЕУ при спроведувањето на реформите. Пораката од високата претставничка од ЕУ, Могерини е дека ако реформите бидат спроведени, Европската Унија е подготвена да возврати.

Премиерот Заев го придружуваат вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

По средбата со високата преставничка за надворешна и безбедносна политика, Могерини, премиерот Зоран Заев, придружуван од владината делегација се сретна и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и со ервокомесарот Јоханес Хан, а попландево во седишетот на НАТО ќе разговара и со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk