Порторико гласаше да стане 51 држава на САД

Се одзвале само 23 отсто од гласачите, што е најмалку досега од сите избори во Порторико уште од 1967 година, пренeсува Асошиејтед прес.

На необврзувачки референдум граѓаните на Порторико гласаа автономната дражава да стане 51. сојузна држава на САД. Легитимитетот на гласањето е доведен во прашање поради малата излезност.

гувернер Порторико

Рикардо Росело, гувернер на Порторико лично се заложи за добивање на статус на 51 држава на карипскиот остров

На гласањето излегле околу половина милион луѓе, нешто помалку од 8.000 се изјасниле за независност од САД, а околу 7.000 за задржување на сегашниот статус. Се одзвале само 23 отсто од гласачите, што е најмалку досега од сите избори во Порторико уште од 1967 година, пренeсува Асошиејтед прес.

Главната опозициска партија своите приврзаници ги повика на бојкот на референдумот. Гувернерот на Порторико, Рикардо Росело, вети дека ќе формира комисија која ќе именува два сенатори и пет претставници кои од Конгресот на САД ќе бараат статус на држава. Конгресот мора да одобри каква било промена на статусот на Порторико.

Експертите тврдат дека Конгресот, кој е под контрола на републиканците, најверојатно, нема да ги признае ниту да ги прифати резултатите од референдумот бидејќи Порторико е повеќе наклонета кон демократите.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk