ВИДЕО: Јa bi da san opet mali – нов сингл на Боби Мојсовски и Тончи Хулиќ

Денеска се случи официјалната промоција на видео-записот за „Јa bi da san opet mali“ на нашиот Боби Мојсовски и хитмејкерот Тончи Хуљиќ, подржани од неговиот бенд Madre Badessa. Промоцијата започна на хрватскиот TV канал – Croatia Music Channel, еден ден по промоцијата на истоимениот сингл на СМС фестивалот во Водице, Хрватска.

„Синглот зборува за безгрижните и убави денови од нашите детства, за љубовта, среќата и време кога секој ден ни беше исполнет со радост. Зборува за тоа како на денешниот свет му треба повеќе од таа невина љубов која секое дете ја има. А овој видео-запис има хумористична содржина. Ќе ве насмее, расположи и ќе ви го исполни денот со позитивна енергија“, вели Боби.

Тончи и Боби

По овој сингл, Боби напомена дека следат уште многу планови и соработки со Тончи Хуљиќ, еден од најпознатите хитмејкери на овие простори, познат по хитовите на: Magazin, Oliver Dragojevic, Danijela Martinovic, Petar Graso, Jelena Rozga и други.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk