Охриѓанец заработи кривична зa царинска измама од милион денари

Царинската управа на Република Македонија поднесе една кривична пријава, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, против лице од Охрид, во својство на одговорно лице во правно лице и против правното лице, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело царинска измама по член 278а од Кривичниот законик.

царина

Пријавените во текот на 2014, 2015, 2016 и 2017 година дале лажни податоци за стоките при увозно царинење, а кои влијаат на пресметките на износот за плаќање на царина и други увозни давачки.

За потребите на пријавеното правно лице на 03.01.2013 година, до Царинската управа на Република Македонија поднесено е барање за издавање на задолжителна тарифна информација. Согласно барањето, Царинската управа издаде задолжителна тарифна информација со рок на важење од 3 години. Во постапката на увозно царинење на стоките за потребите на пријавеното правно лице на македонските царински органи им приложиле царинска декларација со лажна тарифна ознака, иако располагале со задолжителна информација за правилната тарифната ознака, со намера да избегнат делумно плаќање на царинските давачки.

Царинската управа изврши дополнителна пресметка за евидентирање на царинскиот долг во износ од 1.151.005 денари и го задолжи увозникот да ги доплати избегнатите давачки.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk