Златните момчиња на ХВА РАНГ ИТФ од Романија се вратија со 6 медали

Таеквондистите на ХВА РАНГ ИТФ освоија 3 златни, 1 сребрен и 2 бронзени медали.

Во романскиот град Орадеа, минатиот викенд се одржа меѓународниот А класа ИТФ турнир „Романија Опен 2017“, кој е најсилен завршен турнир за оваа пролетна натпреварувачка сезона.

хва ранг 4

На овај престижен турнир зеде учество и таеквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец-Охрид, кој настапи со 5 натпреварувачи, а се закити со 3 златни, 1 сребрен и 2 бронзени медали.

Натпреварувачите на ХВА РАНГ ИТФ ги одмерија силите со претставници од 10 земји од регионов од Романија, Бугарија, Србија, БиХ, Унгарија, Австрија, Молдавија,Чешка, Словенија и Македонија.

Претставници на нашиот клуб под водство на Марјанчо Лазаревски црн IV појас дан поранешен светски вицешампион беа:

хва ранг 1

Давид Крстески – настапи во 3 дисциплини форми кадети 6-5 куп и борби кадети -35 кг и специјални техники кадети.
Марио Крстески – настапи во 2 дисциплини форми кадети 8-7 куп и борби кадети -35 кг
Божидар Димитриевиќ – настапи во 2 дисциплини форми кадети 4-3 куп и борби кадети +58 кг
Филип Трифуноски – настапи во 3 дисциплини форми кадети 8-7 куп и борби кадети -55 кг специјални техники кадети.
Христијан Митрески – настапи во 2 дисциплини форми кадети 4-3 куп и борби јуниори -69 кг

хва ранг 2

Најголемото изненадување на овој турнир за ХВА РАНГ ИТФ го приредија Марио Крстески и Филип Трифуноски.

Марио Крстески освои злато во форми, а во борби беше оштетен од судиите во финалето, иако беше драстично подобар од својот противник, се закити со сребрен медал и со тоа му беше скратена можноста да се закити и со пехар за најдобар кадет.

хва ранг 3

Филип Трифуноски својата супериорност ја демонстрира во специјални техники, кој во кокуренција од 17 кадети го освои првото место и се закити со злато, иако ова му беше прв пат да натпреварува во оваа дисциплина, додека во борби се закити со бронза.

Божидар Димитриевиќ очекувано го зеде златото во борби и со тоа го потврди својот квалитет, кој го покажа и во Љубљана каде даде 2 нокаути со вртен удар и беше запишан во листата на нокаутери на 13 години

Давид Крстески на овај турнир стигна до полуфинале и се закити со бронза, но овај пат беше видливо преморен и не можеше да го даде својот максимум.

Христијан Митрески на овај турнир исто беше преморен од претходните натпревари, а штотуку влезе во најтешката јуниорска категорија и за жал не успеа да се закити со медал.

хва ранг 5

„Презадоволни сме од нашиот настап каде бевме скептични дека ќе освоиме некој медал, пошто беше видлив уморот кај нашите натперварувачи од претходните натпревари, но нашите борци повторно направија да се чувствуваме горди како Македонци, при што беа пофалени за нивната атрактивност на овај натпревар од раковдоството на ИТФ“, вели тренерот на таеквондо клубот Марјанчо Лазаревски.

Од клубот потенцираат дека и овојпат најзаслужни за нивниот успех се нивните генерални спонзори „ПН Метал“.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk