Удрен камен темелникот на современиот зелен пазар во Охрид

„Пазарот ќе биде опремен со оклу 190 тезги, изработени по сите ХАСАП и ХАЛАЛ стандарди, а во рамките на објектот ќе биде изграден и подземен, јавен паркинг простор и тоалети, она што на овој град долго време му недостасува. Вредноста на оваа инвестиција чини околу 239.610.028 денари, или околу 4 милиони евра“, изјави градоначалникот Бакрачески.

Во Охрид денеска на пладне се одржа свеченост на која се удри камен темелникот на објектот од новиот затворен зелен пазар во центарот на градот.

темелник 2

Новата административна зграда за ЈП „Градски пазар“ – Охрид треба во значителна мера да го подобри лицето на градот, а со тоа да претставува и најсовремен зелен пазар, по стандардите за трговија со земјоделски и прехранбени производи од животинско потекло.

темелник 4

„Пазарот ќе биде опремен со оклу 190 тезги, изработени по сите ХАСАП и ХАЛАЛ стандарди, а во рамките на објектот ќе биде изграден и подземен, јавен паркинг простор и тоалети, она што на овој град долго време му недостасува. Вредноста на оваа инвестиција чини околу 239.610.028 денари, или околу 4 милиони евра“, изјави градоначалникот Бакрачески.

темелник 5

Бакрачески посочи дека е горд сум што стои на чело на тимот, кој што може со исправена глава да зборува за секој еден детал од индивидуалните напори кои локалната ги вложува сите овие четири години со цел надминување, на како што рече, наталожените проблеми.

За директорот на ЈП „Градски пазар“ – Охрид, Тони Коталески, самата градба на еден ваков објект е од суштинско значење на општина Охрид.

темелник 6

„Објектот е административно -деловно-трговска зграда со нов затворен зелен пазар, со што ќе се постигне модернизирање на условите за работа на зелениот пазар, исполнување на стандардите за трговија со земјоделски производи , подобрување на условите за работа на понудувачите како и на граѓаните на општина Охрид“, рече Коталески.

Инаку, со овој проект ЈП „Градски пазар“ – Охрид ќе добие 1.230м2 покриен зелен пазар, опремен со 190 нови тезги , како и деловни простории со површина од 200м2.

темелник 3

Предвидено е во рамките на проектот да биде изградена и сала за текстил, а истовремено да се реконструира и  како и постоечката зграда на јавните претпријатија, со што ќе биде  изедначен изгледот на објектите кои се сместени во строгиот центар на Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk