Во јули второ издание на летниот камп „Охрид 2017“

Сите заинтересирани може да добијат повеќе информации на телефонскиот број 078/440-139 или на фејсбук страницата „Спортски летен камп Охрид 2017“.

Од Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – сите за спорт“ информират дека преостанува помалку од еден месец до почетокот на Вториот спортско едукативен летен камп „Охрид 2017“.

летен камп 1

Летниот камп оваа година ќе се одржи од 10 – 16 јули во хотелот „Десарет“.

летен камп 2

„Бројот на учесници е ограничен така што ги повикуваме сите заинтересирани (деца од 8 – 14 години) што побрзо да се пријават и со тоа да постанат дел од едно незаборавно искуство на дружење, едукација, спорт и забава кое веруваме ќе го паметат целиот свој живот“, велат организаторите на кампот.

Оттаму посочуваат дека годинава како дел од програмата за волонтирање на Универзитетот „Роехемптон“ од Лондон на летниот камп ќе волонтираат три студенти кои ќе ја збогатат програмата на самиот камп, а ќе придонесат и децата учесници да го прошират своето знаење од англискиот јазик.

Сите заинтересирани може да добијат повеќе информации на телефонскиот број 078/440-139 или на фејсбук страницата „Спортски летен камп Охрид 2017“.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk