Собранието ќе гласа за избор на заменици министри

Кире Наумов ќе оди во ресорот економија, Јани Макрадули во животна средина. Нухиу останува во МВР, но на втората позиција.

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи петтата седница на која како последна точка на дневен ред е изборот на заменици – министри на Владата.

Собрание пратеници

Оваа точка по барање на пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ вчера беше поместена како последна на седницата со цел пратениците да имаат повеќе време да се подготват за дебата.

Пред да расправаат за изборот на заменици – министри, пратениците во македонското Собрание ќе ги разгледаат годишните извештаи на неколку институции, а ќе дебатираат и за граѓанската иницијатива за донесување на закон за изменување на Законот за работни односи со која се бара продолжување на породилното отсуство.

OХРИД 24                                                                                                            

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk