Се подготвува теренот за новиот дрворед на тротоарите од „Туристичка“

Дел од екипите на ЈП „Охридски комуналец” започна со припреми на теренот за засадување на новите дрва на тротоарите на булеварот „Туристичка”.

подготовка

Од „Комуналец“ информираат дека заради дотраеноста на стариот дрворед кој претставуваше опасност по минувачите и велосипедистите и предизвикуваше оштетување на бетонот, старите дрва беа отстранети и ќе бидат заменети со нови садници од сортата „јасен” и „јавор“, на кои корените им одат во вертикала и нема да предизвикуваат пукање на асвалтот на тротоарите.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk