Димовски бара итна седница за дивата депонија во Струга

Тој од собраниската говорница повика да се отвори итна седница и рече дека оваа ситуација со Струга треба да биде прв момент во кој Собранието треба, може и мора да се натфрли.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски побара да се свика итна седница на која ќе се дебатира за депонијата во Струга, која што според него е запалена и претставува опасност по здравјето на жителите и на природната средина.

„Граѓаните на Струга бараат итно затворање и дислокација на местото за одлагање на отпадот. Најавија и блокади на неколку правци доколку ситуацијата набрзо не се реши. Но засега не се знае кога и дали ќе се затвори депонијата, ниту дали ќе биде преместена“, рече Димовски.

Тој од собраниската говорница повика да се отвори итна седница и рече дека оваа ситуација со Струга треба да биде прв момент во кој Собранието треба, може и мора да се натфрли.

Димовски

„Струшката депонија е долгогодишен проблем кој ниту еден од градоначалниците не го реши. Ниту новиот министер без ресор Рамиз Mерко, кој долги години беше струшки градоначалник, ниту пак коалициониот партнер на СДСМ Зијадин Села не го решија проблемот со депонијата. Дополнително, и во мандатот на Mерко, и во оној на Села, министер за екологија беше човек од редовите на ДУИ“, рече Димовски.

На ова претседателот на Собранието, Талат Џафери возврати дека постојат процедури за тоа, и откако ќе биде подготвена информација од Владата, или пак од пратениците, ќе се создадат услови да се дискутира и за ова прашање.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk