16-то издание на меѓународниот музички натпревар „Охридски бисер“

На годинeшниот натпревар 120 кандидати од Русија, Кина, Германија, Полска, Романија, Бугарија, Литванија, Хрватска, Србија и Словенија ќе се натпреваруваат во дисциплините: флејта, кларинет, саксофон, труба, хорна и тромбон.

Синоќа започна 16 –от меѓународен музички натпревар за млади музичари – „Охридски бисери“.

музички 1

На свеченоста присустуваше заменик градоначалникот Ангел Јанев, кој се обрати во име на градот домаќин.

музички 4

„Ве уверувам дека градот Охрид ќе стори се Вашата хумана,космополитска и универзална идеја да трае и да се збогатува и по форма и по содржина, во годините и десетлијата кои се пред нас. Убеден сум дека Охрид и охриѓани ќе ве пленат со својот шарм, а дека публиката и учесниците ќе имаат незаборавни моменти во Вашите уметничи перформанси. Ви посакувам успешен фестивал и пријатен престој во Охрид“, истакна Јанев.

музички 2

На годинeшниот натпревар 120 кандидати од Русија, Кина, Германија, Полска, Романија, Бугарија, Литванија, Хрватска, Србија и Словенија ќе се натпреваруваат во дисциплините: флејта, кларинет, саксофон, труба, хорна и тромбон.

музички 3

музички 5

музички 6

Младите музичари ќе ги оценува интернационално жири од познати и признати музички педагози од: Русија, Германија, Бугарија, Австрија, Македонија и Србија.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk