Четкар со настап на најголемиот џез фестивал во Тајланд

На овој фестивал Четкар ќе се претстави со авторска музика, а ќе отсвири и една композиција од неодамна починатиот крал на Тајланд Бумибол Адулиаде кој бил мулти инструменталист и страствен вљубеник во џез музиката.

Владимир Четкар на 24-ти јуни ќе настапи на најпознатиот џез фестивал во Тајланд, Хуа Хин џез фестивалот каде е најавен како еден од главните артисти. Неговото гостување е проследено со големо внимание низ тамошните медиуми за кои Владимир на 22-ри јуни ќе одржи прес конференција во Бангкок.

Четкар

Четкар на турнејата во Тајланд, која покрај Хуа Хин фестивалот ќе опфати и концерт во Бангкок и мастер клас во Хуа Хин, на сцената ќе биде придружуван од популарниот Тајландски бенд Фанкшн.

На овој фестивал Четкар ќе се претстави со авторска музика, а ќе отсвири и една композиција од неодамна починатиот крал на Тајланд Бумибол Адулиаде кој бил мулти инструменталист и страствен вљубеник во џез музиката.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk