Познат идентитетот на лицето што се удави кај Сараиште

„По извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и полициски екипи, констатирано е дека удавеното лице е Димитри А. (61 ) од Охрид“, информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Безживотно машко тело, синоќа околу 17 часот и 50 минути е забележано во водите на Охридското езеро на плажата „Сараиште“.

Сараиште

Телото се наоѓало на дното на езерото на околу четири метри длабочина и на оддалеченост од околу десеттина метри од езерскиот брег.

„По извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и полициски екипи, констатирано е дека удавеното лице е Димитри А. (61 ) од Охрид“, информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

На безживотното тело не се забележани траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, денеска, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

OХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk