Врховен ќе одлучува за законитоста на одлуките за Талески и Темелко

Врховниот суд, зад затворен врати, решава дали одлуките на пониските судови, градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко да не оди во притвор и на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, да добие само куќен биле законити. Барањата за заштита на законитоста ги поднесе СЈО.

Врховен

Претходно највисокиот суд донесе одлука за случајот со Темелко, но неговата одбрана, побара судијката Лидија Неделкова да не биде дел од советот кој ќе донесе одлука. Во случајот на Талески пак, како проблем се посочува одлучувањето на судија кој за притворот решавал во Кривичниот па потоа и во Апелацискиот суд откако бил унапреден.

Темелко е осомничен во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности, додека битолскиот градоначалник, Владимир Талевски е обвинет во „Транспортер“. Според СЈО тој во договор со директорите на основните училишта го оштетиле буџетот за 350 илјади евра, при превозот на ученици во градот.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk