Во Охрид се одржа шаховска олимпијада за слепи лица

На олимпијадата, која се одржува со помош на Општина Охрид, учествуваат шахисти од триесет земји од светот.

Петнаесеттата шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица, која од 18 до 29 јуни се одржува во хотелите Метропол и Белви во Охрид, синоќа, во името на градот домаќин, за отворена ја прогласи заменик градоначалник Ангел Јанев.

шаховска 1

На олимпијадата, која се одржува со помош на Општина Охрид, учествуваат шахисти од триесет земји од светот.

шаховска 2

„Се чувствувам возбудено кога говорам пред Вас, зошто се обраќам пред херои кои успеале слепоста и визуелната хендикепираност, да ја претворат во имагинарна слика, со која успешно чекорат низ реалноста. Особено за истакнување е фактот дека со играњето шах, со посветеност, висока концентрација и напорна работа успевате да освојувате нови височини и да се справите со неограничените предизвици на древната игра“, рече заменик градоначалникот Ангел Јанев.

шаховска 3

Организаторите на оваа врвна спортска манифестација рекоа дека е привелегија и благослов е да се биде дел од овој настан во кој се споделуваат спортските радости и победи, победи кои обврзуваат, постојано да се зголемуваат и унапредувааат можностите за социјална инклузија и интеграција во општеството и еднаквост на лицата со посебни потреби.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk