ВИДЕО: Валкира ќе биде првиот робот кој ќе зачекори на Марс

„Валкира” е опремена со околу 200 сензори, поставени на главата, грбот, стомакот и нозете. Информациите кои ќе бидат добиени од нив ќе му овозможат на роботот да ги проценува податоците за да ја избере најпогодната површина за следниот чекор.

Роботот Валкира (Valkyrie) во блиска иднина би можел да „добие задача” да го подготви теренот за доаѓање на луѓето на Марс. Но за почеток мора да научи да оди.

Валкира 1

Проблемот овде претставува исклучително непристапниот терен на Марс, па роботот, кој инаку може да оди на рамно, треба да научи да оди и по карпи и нерамнини.

Во најновиот видео запис кој пред неколку дена го објави НАСА може да се види што сѐ “Вал” има научено до сега. Иако не е многу брз, нерамниот терен му претставуваше невозможна мисија. Во ова му помага посебен сензор, каков што се користи во автомобилите без возачи за мерење на растојание и откривање на пречки.

Роботот Валкира веќе имаше можност да ја посети Меѓународната вселенска станица, а НАСА се надеваат дека наскоро ќе биде во можност да ги направи и првите чекори на Марс.

„Валкира” е опремена со околу 200 сензори, поставени на главата, грбот, стомакот и нозете. Информациите кои ќе бидат добиени од нив ќе му овозможат на роботот да ги проценува податоците за да ја избере најпогодната површина за следниот чекор.

Како што се очекува, овој хуманоиден робот, ќе им помага на колонизаторите на Марс во освојувањето на Црвената планета.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk