Првиот чартер од Катовице во Охрид ќе слета во четврток

Според договорот со полските тур оператори, предвидено е на охридскиот аеродром да слетаат најмалку 5.000 туристи, со авиони од типот Ербас 320, кои имаат капацитет од 220 седишта.

Во четврток, на 22 јуни, на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе се одбележи доаѓањето на првиот чартер лет од Катовице, Полска.

чартер 2

Чартерот од Катовице ќе пристигне со авиокомпанијата „Смол планет ерлајнс“ (Small Planet Airlines) во организација на најголемиот полски тур-оператор „Рего-бис“.

На настанот пред присутните гости и медиуми ќе се обратат министерот за транспорт и врски Горан Сугарески; генералниот директор на ТАВ Македонија Алп Ер Тунга Ерсој; амбасадорот на Република Полска во МакедонијаЈацек Мултановски и директорката на „Рего-бис“ Габриела Манка Сокулу.

Според договорот со полските тур оператори, предвидено е на охридскиот аеродром да слетаат најмалку 5.000 туристи, со авиони од типот Ербас 320, кои имаат капацитет од 220 седишта. Ќе бидат застапени и кружни повеќедневни посети со комбинација и на други соседни земји, со автобуси со капацитет од 80 лица.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk