Хан доаѓа в понеделник, Прибе во вторник

Се очекува Хан да се сретне со премиерот Зоран Заев, како и со лидерите на поголемите политички партии во Македонија.

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан во Македонија ќе биде следната недела в понеделник, а веќе во вторник во земјава доаѓа и Ранјхард Прибе, раководителот на комисијата која во име на ЕУ во 2015 година го подготви списокот на неопходните реформи што земјава треба да ги преземе за да го надмине застојот на патот кон зачленување во ЕУ.

Јоханес Хан

Како што соопшти портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, се очекува Хан да се сретне со премиерот Зоран Заев, како и со лидерите на поголемите политички партии во Македонија.

Тема на разговор ќе биде планот на Владата за реформи, неговата компатибилност со извештаите на Европската комисија и применливоста.

За експертите, доаѓањето на Хан е одредување на црвените линии во чии рамки ќе работи новата влада.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk