62.153 чекори до Магаро: Голабоски и Танески успешно го завршија планинарскиот маратон

„Нема правдање од типот немам време и имам многу обврски, секој може да пронајде време да се движи, пред сѐ од здравствени причини тоа е добро“, рече Жанко Голабоски на денешниот прес по искачувањето на врвот Магаро.

62.153 чекори и патека долга 50 километри поминаа охридскиот радио водител и шоумен Жанко З’ш Голабоски и искусниот планинар Мишко Танески во неделата на 18-ти јуни.

прес планинари

Нивниот планинарски маратон беше дел од настанот под наслов „Движи се – да не заборавиш да одиш“, со кој Жанко и Мишко сакаа да упатат порака за водење на поздрав начин на живот, а истовремено и да ги поттикнат сите генерации од најмладите до најстарите да се раздвижат малку, бидејќи како што велат, секој може да најде од пола саат до еден саат во текот на денот за да направи некоја физичка активност.

Жанко Голабоски

„Не мора да биде само планинарење, може да биде и возење велосипед, играње кошарка, ракомет, пешачење по кејот. Нема правдање од типот немам време и имам многу обврски, секој може да пронајде време да се движи, пред сѐ од здравствени причини тоа е добро“, рече Жанко Голабоски на денешниот прес по искачувањето на врвот Магаро.

планинарење 4

Мишко Танески потенцираше дека искачувањето на највисоката точка на Галичица го смета за едно од потешките во своите досегашни планинарски потфати.

Мишко Танески

„50 километри се навистина сериозен потфат. Направивме 4.000 метри елевација, тоа беше навистина тешко и напорно од кондиционен аспект. Кога се враќавме назад чувството беше како да слегуваме од врв од 8.000 метри, со халуцинирање и тотална дехидрација и премореност. Направивме 62 153 чекори, за среќа времето беше на наша страна“, истакна Танески.

планинарење 3

Во акцијата учествуваа и планинари и вљубеници на природата од „ЗШ Авантура“,околу 100- на граѓани кои дале безрезервна поддршка, потоа планинари од Хрватска, Полска и други земји, а кон акцијата се приклучиле и педесетина пријатели од Ресен и цела Македонија кои биле дел од „Tour De Galicica“. Поддршка на маратонот даде и здружението „Мозочен удар“.

Мишко Танески на 2.245 метри високиот врв го прослави својот 46-ти роденден, а Голабоски 30 години од матурата.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk