Воена делегација од САД во посета на Македонија

Воена делегација на националната гарда на Вермонт (САД), предводена од Командантот на НГ на Вермонт генерал-мајор Стивен Креј престојува во Република Македонија.

воена делегација

Во рамки на посетата, денеска делегацијата ќе биде примена од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и ќе оствари средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Делегацијата ќе престојува во земјава до 17-ти овој месец.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk