Кривична за скопјанец на кого му експлодираше плинска боца во стан во Охрид

Охридската полиција поднесе кривична пријава против А.М. (65) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.

плинска боца

На 8 август во стан во Охрид, сопственост на сопругата на пријавениот, настанала експлозија од која била оштетена целата покуќнина, како и вратите и прозорците во станот.

Притоа, биле оштетени и повеќе возила кои биле паркирани во близина на зградата. Експлозијата настанала од плинска боца, а во станот бил само пријавениот, соопшти МВР.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk