Маж се удави кај плажата Сараиште

Безживотно тело од маж е пронајдено попладнево околу 18 часот во водите на Охридско Езеро во центарот на Охрид, кај плажата Сараиште.

Сараиште

Телото е забележано од капачи на длабочина од околу пет метри.

Според првичните информации, станува збор на маж на возраст од околу 60 години.

Телото на починатиот го извадиле локалните жители, а на местото на настанот увид извршила полицијата.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk