Преседан: Џафери го отвори Балканскиот фестивал на македонски со превод и на албански

Присутната публика на Долни Сарај остана зачудена и збунета кога по говорот на спикерот Џафери следеше превод на албански јазик, а потоа и на веќе воспоставениот во пракса англиски. 

Своевиден преседан се случи вечерва на Долни Сарај во Охрид на отворањето на најстариот фолклорен фестивал на Балканот – Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

Балкански фестивал 5

Фестивалот кој традиционално е под покровителство на институцијата Собрание на Република Македонија, годинава за отворен го прогласи собранискиот спикер Талат Џафери.

Балкански фестивал 4

За првпат во церемонијата на отворањето, покрај преводот на англиски, беше додаден и превод на албански само за говорот на спикерот Талат Џафери

Тој пред присутните говореше на македонски јазик, но за разлика од претходните говорници: заменик градоначалникот на Охрид Ангел Јанев и директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ Горан Стојаноски, говорот на Џафери беше преведен и на албански, покрај и на официјалниот англиски, кој по традиција се употребува за да се нагласи интернационалниот карактер на самиот фестивал.

Присутната публика на Долни Сарај остана зачудена и збунета кога по говорот на спикерот Џафери следеше превод на албански јазик, а потоа и на веќе воспоставениот во пракса англиски. Останува нејасно од кога и зошто е воведен преводот на албански јазик на свечената церемонија за отворање на фестивалот и дали истиот ќе се користи само кога фестивалот ќе го отвора спикерот Џафери.

Се поставува и прашањето зошто е додаден превод само на албански, ако се знае дека фестивалот вклучува учесници кои доаѓаат од целиот Балкан, но и од други делови на Европа, а во целата историја продефилирале учесници од сите континенти. Оттука, можеби уште поиздржано, подемократско и секако пофер решение е да се воведе превод на официјалните обраќања на секој јазик од земјата учесник на самиот фестивал.

Инаку, за прогласувањето на фестивалот за отворен следеше аплауз од присутната публика кога обраќањето беше на македонски и на англиски, но аплаузот од публиката изостана за официјалното отворање со превод на албански.

ОХРИД 24                                                                                                                                     П.Д.

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk