Кои се десетте најплатени познати личности во светот?

Честа да биде најмлада на листата на топ 100 најплатените оваа година припадна на Кајли Џенер, која вреди импресивни 41 милион долари.

Списанието Форбс објави листа на 100 најбогати ѕвезди во 2017 година.

Форбс лиса

Предвид ги земале сите тие кои спаѓаат под категоријата „celebrity” т.е. музичари, автори, глумци, спортисти и реалити ѕвезди.

А тоа што сите ги изненади е бројот еден на листата, кој се најде пред Бионсе, Дрек и Кристијано Роналдо, а се работи за Шон Комбс, кој е познат и како Диди, т.е. P. Diddy, т.е. Puff Daddy.

најплатени познати

Како и да се нарекува денес, тој во 2017 година заработил најмногу и тоа благодарение на повратничката турнеја, на линијата за облека и договорот со познат производител на вотка.

Честа да биде најмлада на листата на топ 100 најплатените оваа година припадна на Кајли Џенер, која вреди импресивни 41 милион долари, додека најстаро лице на листата е Џуди Шеиндлин, на јавноста позната и како Judge Judy.

Во топ 100 влегоа и Џастин Бибер, Елен ДеГенерес, Адел и многу други, а еве ја и „златната десетка”.

1. Шон Комбс (130 милиони долари)

2. Бијонсе (105 милиони долари)

3. Џ.К. Роулинг (95 милиони долари)

4. Дрејк (94 милиони долари)

5. Кристијано Роналдо (93 милиони долари)

6. The Weeknd (92 милиони долари)

7. Хауард Стерн (90 милиони долари)

8. Coldplay (88 милиони долари)

9. Џејмс Патерсон (87 милиони долари)

10. Леброн Џејмс (86 милиони долари)

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk