Отворена новата забавна и фитнес зона покрај патеката Студенчишта-Парк

„Сметаме дека го пополнивме изгледот на оваа мошне атрактивна патека, за која што и самите гледате дека веќе станува и главно шеталиште за охриѓани, а посебно за младите кои ги посетуваат ноќните клубови долж патеката“, рече градоначалникот Бакрачески.

Градоначалникот Никола Бакрачески утрово свечено ја стави во употреба новата забавно-рекреативна и фитнес зона на пешачката патека од Студенчишта до Парк, која се наоѓа веднаш после плажата „Амброзија“.

фитнес Амброзија 2

Како што истакна пред медиумите, зоната се состои од детско игралиште, заедно со сите помошни реквизити и една фитнес зона којашто е изградена во соработка со Агенцијата за млади и спорт.

фитнес Амброзија 6

„Им овозможивме на младите да се забавуваат и рекреираат тука, меѓутоа и на оние кои се занимаваат со рекреативен спорт или фитнес да можат да ги користат овие реквизити на оваа мошне атрактивна локација во Македонија, со прекрасен поглед кон стариот град и кон езерото“, рече Бакрачески, псоочувајќи дека заедно со фитнес рекреативната зона кај Холандскиот парк, комплетирани се две вакви зони во Охрид.

фитнес Амброзија 5

„Сметаме дека го пополнивме изгледот на оваа мошне атрактивна патека, за која што и самите гледате дека веќе станува и главно шеталиште за охриѓани, а посебно за младите кои ги посетуваат ноќните клубови долж патеката“, додаде Бакрачески.

фитнес Амброзија 3

Ваквиот тренд на Општина Охрид, како што рече, ќе продолжи и во иднина и сметаме дека направивме исправна одлука, бидејќи од почетокот на мандатот сакавме да инвестираме во пешачки и рекреативни и забавни зони: како пешачките патеки, детските игралишта, спортските арени и фитнес зоните. Не само ние и некои кои ќе дојдат по нас сметам дека ќе продолжат со тој тренд.

фитнес Амброзија 4

„Неколкупати сум нагласил дека преку овие проекти ги промовираме здравите животни навики, но истовремено и ќе ги повикаме граѓаните со заедничкото излегување во природа, користењето на овие зони, рекреирањето и забавата, да прибегнат кон традиционалните норми на живеење кои го краселе народот во минатото“, порача охридскиот градоначалник.

ОХРИД 24                                                                                                                                   П.Д.

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk