Силен земјотрес од 5 степени ги вознемири охриѓани

Силен земјотрес од 5 степени беше почувстуван попладнево во Охрид. Потресот кој траеше неколку секунди ги вознемири охриѓани кои ги напуштија своите куќи и станови.

охриѓани

Земјотресот е регистриран во 13 часот и 18 минути, со јачина од 5,1 степен, епицентарот бил на 12 километри од градот и на длабочина од 10 километри во близина на селото Косел.

охриѓани 2

охриѓани 3

Според Сеизмолошката лабораторија, земјотресот што ги извади охриѓани на улица, бил почуствуван и во Скопје со јачина од 3,7 степени.

Денешниот земјотрес освен паника кај охриѓани, предизвика и помали материјални оштетувања кај постарите градби на куќи и згради, како и деловни простории.

земјотрес 1

земјотрес 2

земјотрес 4

земјотрес 3

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk