Крвна одмазда во Струга, убиен криминалниот бос Дилавер Бојку

Членови на семејството Истрефи веќе подолго време се закануваат со крвна одмазда.

Прашање на ден беше кога некој од фамилијата Истрефи ќе излезе пред Дилавер Бојку – Лека и ќе го застрела со куршум во чело, велат познавачите на случувањата во струшкото подземје. Тие се сигурни дека мотив за ова убиство е крвната одмазда и дека убиецот, кој е во бегство, е таткото на убиениот Ситем Истрефи (23). Членови на семејството Истрефи веќе подолго време се закануваат со крвна одмазда.

Дилавер Бојку

Попладнево на плажата во центарот на Струга беше убиен Дилавер Бојку – Лека, концесионер на неколку плажи на струшкото крајбрежје. Токму овие плажи, концесии, биле причина за првичната пресметка на членови на семејствата Бојку од Велешта и Истрефи од Долна Белица уште пред две години.

На 13 декември 2015 година во населбата Езерски лозја пред Струга, дојде до пресметка на две банди во која загина Ситем Истрефи, а неговиот брат Прентим И. беше тешко ранет. Во пресметката биле употребени автоматско оружје и пиштоли.

Од другата страна на престрелката биле братот и синот на Дилавер Бојку. Во таа престрелка потешко бил ранет братот на Бојку, Башким Б. (45), кој сѐ уште е во притвор. Синот на Бојку и натаму се води дека е во бегство, а често бил гледан како слободно шета во Велешта.

Леку е познат криминалец, неколку пати бил осуден за организирање проституција по илегални барови во Велешта и во Струга.

ОХРИД 24                                                                                                                   извор: МКД.мк

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk