„Стариот лав“ ја разнежни публиката на Антички

Шлаг на вечерта беше исполнувањето на три популарни македонски рефрени: „Како што е таа чаша“, „Ако умрам ил’ загинам“ и  „Македонско девојче“, кои предизвикаа одушевување кај присутната публика, која речиси целиот концерт го проследи на нозе, пеејќи ги наизуст хитовите на Жељко.

Полн Антички театар и два и пол часовно уживање во незаборавните рефрени на „стариот лав“ Жељко Самарџиќ. Пејачот, за кој многумина критичари ќе напишат дека е најголемиот балкански романтичар, синоќа во Охрид го потврди овој престижен епитет.

жељко 665

Атмосферата пред почетокот ја загреа познатата група „Инструментал бенд“.

жељко 650

„Го баравте Жељко? Тој ќе задоцни десет минути. Во меѓувреме ќе го заменувам јас“, рече Самарџиќ на самиот почеток од неговиот концерт, кој беше отворен со нумерата „Стари лав“. Потоа се редеа неговите хитови од тридецениската музичка кариера: „Грлица“, „После дуге везе“, „Охлади“, „9000 метара“, „Месец у води“, „Зауставите јануар“, „Љубавна адреса“, „Камелеон“, „Ниси ти за мале ствари“, „Безобразно су зелене“, „Кафанска певачица“, „Сипајте ми још један виски“…

жељко 678

жељко 679

Шлаг на вечерта беше исполнувањето на три популарни македонски рефрени: „Како што е таа чаша“, „Ако умрам ил’ загинам“ и  „Македонско девојче“, кои предизвикаа одушевување кај присутната публика, која речиси целиот концерт го проследи на нозе, пеејќи ги наизуст хитовите на Жељко.

жељко 687

Концертот на Антички театар беше заокружен со мега популарната балада „Љубавник“.

ОХРИД 24                                                                                                                                      П.Д.

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk