ОСБСП: Во центарот на Охрид со возила само во крајна нужност

„На тој начин, ќе се избегнат застоите во одвивањето на сообраќајот и значително ќе им се помогне на полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, во нивните напори за одржување на беспрекорен сообраќај во шпицот на овогодишната туристичка сезона“, вели Стефан Димоски, претседател на Општинскиот совет за безбедност.

Зголемениот број на туристи и зголемен број на патнички и други моторни возила во Охрид, деновиве предизвикува исклучително интензивна сообраќајна фрекфенција посебно во централното градско подрачје.

Поради тоа, од ОСБСП Охрид до граѓаните-жители на Охрид, апелираат на исклучива нужност во користењето на сопствените патнички автомобили.

туристи

„Како општински Совет за безбедност во сообраќајот, ги замолуваме нашите сограѓани, своите патнички моторни возила да ги користат при крајни и неодложни потреби и крајно рестриктивно да ги користат возилата, пред се во централното градско подрачје. Со тоа, најдиректно ќе го дадеме својот придонес кон намалување и елиминирање на сообраќајниот метеж во градот, ќе се избегнат застоите во одвивањето на сообраќајот и значително ќе им се помогне на полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, во нивните напори за одржување на беспрекорен сообраќај во шпицот на овогодишната туристичка сезона“, вели Стефан Димоски, претседател на Општинскиот совет за безбедност.

На тој начин, вели Димоски, ќе ја манифестираме и нашата сообраќајна култура и совест со што, и на тој начин ќе им покажеме и добредојде на домашните и странските туристи кои деновиве се поинтензивно доаѓаат во нашата туристичка метропола.

Од ОБССП ги повикуваат сите учесници во сообраќајот на внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи, со што значително ќе ја подигнеме сообраќајната превенција и севкупната сообраќајна безбедност во Охрид.

На овој начин, сакаме да придонесеме и за намалуваме на ризиците во сообраќајот и на можностите за сообраќајни незгоди, да ја подигнеме сообраќајната култура и јавната свест кај сите категории учесници во сообраќајот, велат од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата на град Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk