Странски туристи се пожалиле на труење од храна во струшки хотел

Во медицинскиот центар во Струга во интерното одделение вчера биле донесени еден турист од Холандија и двајца од Израле, кои се пожалиле на труење од храна во струшки хотел, информираат од МВР.

Струга Дрим 2

Тие пријавиле дека храната ја консумирале во хотелот, а по укажаната лекарска помош биле пуштени од болницата.

OХРИД 24 од свои извори дознава дека попладнево уште шест полски туристи биле донесени на инфективното одделение во Општата болница во Охрид, поради истите симптоми на затруеност со храна.

Со случајот се запознаени и јавниот обвинител и Државниот санитарен инспекторат.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk