Во Брисел средба Коѕиас-Нимиц

Коѕиас во интервју пред неколку дена за грчката телевизија Антена не одговори на новинарско прашање кои се црвените линии на грчката Влада во спорот за името.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска во Брисел ќе се сретне со медијаторот Метју Нимиц.

Коѕиас-Нимиц

„Целта на средбата, која следи по посетата на Нимиц на Македонија во почетокот на јули, е да се дискутира за пронаоѓање можност за напредок во преговорите за спорот за името“, изјави Стефан Дужарик, портпарол на генералниот секретар на Обединетите нации.

Коѕиас во интервју пред неколку дена за грчката телевизија Антена не одговори на новинарско прашање кои се црвените линии на грчката Влада во спорот за името.

„Во понеделник ќе одам на преговори и би било голема грешка од моја страна да се произнесам на еден јавен настап неколку дена претходно“, рече тогаш шефот на грчката дипломатија.

Инаку Коѕиас денеска во Брисел учествува на Советот за надворешни работи на Европската унија.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk