Претставата „Име“ наместо пред „Света Софија“ ќе се игра во Центарот за култура

Театарската претстава „Име“ на НУ Театар Комедија, Скопје, која беше закажана за утре во 22:30 во предворјето на црква Св. Софија ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот, информираат од дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“.

име претстава

Оттаму посочуваат дека префрлањето во затворен простор на претставата е поради временските неприлики невообичаени за овој период од годината, ниските температури, ветерот и можноста за врнежи од дожд, кои деновиве ја зафатија Македонија.

„Жалиме за временските неприлики кои не само што го зафатија Охрид, туку и поширокиот дел од земјава, а воедно, уште еднаш упатуваме извинување до публиката за настанатата промена со која утрешната претстава „Име“ се префрла во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид“, велат од „Охридско лето“.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk