Арнаудов: Поднесовме амандмани за субвенционирање на штетите од земјотресите

Како што посочи, во Охрид има вкупно 17.000 легла од кои 13.500 на станоиздавачи и 3.500 се хотелски. Во просек, субвенцијата треба да изнесува 37.500 денари по кревет или севкупно околу 10 милиони евра, бројка која би била исплатена само за директни штети, додека треба да се пресметаат и индиректните штети како за бродарите, угостителските објекти и тн.

Охридските пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ поднеле два амандмани за ребалансот на буџетот на Република Македонија, со кои се бара од Владата да ги субвенционира штетите од земјотресите кои беа пријавени од страна на охриѓани, како и станоиздавачите кои претпреа штета поради откажување на резервациите, особено од домашните гости. Ова го истакна пратеникот Љубен Арнадуов на денешната прес конференција за медиуми.

Арнаудов

„Проценките велат дека бројот на туристи е значително опаднат, повеќе од 80% од резервациите се откажани, а останатите се само субвенционираните туристи со мерките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Најголема штета од земјотресите имаат станоиздавачите, кои повеќе имаат земено и кредити, пари со кои инвестирале во своите објекти и се надевале дека ќе можат да ги вратат колку добивката остварена во текот на сезоната, но и да заработат нешто како би ја обезбедиле својата егзистенција“, рече Арнаудов.

Тој додаде дека додека станоиздавачите и  хотелиерите се соочувале со егзистенцијални проблеми, Владата на СДС молчела, иако имала обврска да се грижи за граѓаните.

„Затоа ние пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид поднесовме амандмани на ребалансот на буџетот со кои се предвидува субвенционирање на штетите од земјотресите и субвенционирање на станоиздавачите кои на свој грб го чувствуваат недостигот од домашни гости поради зачестените земјотреси кои го зафатија Охрид“, рече Арнаудов.

Како што посочи, во Охрид има вкупно 17.000 легла од кои 13.500 на станоиздавачи и 3.500 се хотелски. Во просек, субвенцијата треба да изнесува 37.500 денари по кревет или севкупно околу 10 милиони евра, бројка која би била исплатена само за директни штети, додека треба да се пресметаат и индиректните штети како за бродарите, угостителските објекти и тн.

„СДС наместо да одвојува огромни суми на пари за набавка на октоподи и друг вид на морски плодови, кои ќе се најдат на нивните трпези во Владата, да го изгласаат заедно со нас овој наш предлог кој е за доброто на Охрид и охриѓани. СДС наместо да издвојува милиони за вработување на своите партиски послушници и соросови активисти, треба да покаже доблест и да го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе биде нормална сатисфакција за станоиздавачите и хотелиерите во нашиот град“, истакна на денешниот прес пратеникот Љубен Арнаудов.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk