50 години од обновената автокефалност на МПЦ-ОА

Дебарско–кичевската епархија ги известува православните верници дека на 19-ти Јули, среда, кога православната црква го слави споменот на Св.Сисој Велики, Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, го слави јубилејот 50 години од интронизацијата на првиот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј на возобновената Охридска Архиепископија во лицето на МПЦ– ОА.

Перивлепта

По повод овој јубилеј, во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, со почеток во 8.45 часот.

Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско–сиднејски г.Тимотеј.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk