Панама ќе игра на СП во Русија, САД не обезбеди пласман

Панама се квалификуваше на Светското првенство по првпат во историјата, откако со 2:1 ја совладаа Костарика во последното коло од квалификациите во Северна Америка и Карибите, додека САД се елиминирани, откако Хондурас ги помина за местото кое води во бараж со Австралија.

Панама

Хондурас го совлада Мексико со 3:2 за да постави дуел со „кенгурите“ во ноември, додека САД загубија со 2:1 од Тринидад и Тобаго и првпат од 1986 година нема да се на СП. Американците пред дуелот на стадионот „Ато Болдон“ мораа да стигнат до победа над последнопласираниот тим во групата за да обезбедат пласман во Русија, но примија два гола во првото полувреме, и голот на Кристијан Пулишич по полувремето не беше доволен за пласман.

Директен пласман во Русија од Северна Америка имаат Мексико, Костарика и Панама.

OХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk