Човештвото ќе живее „на кредит“ до крајот на годината

До 2 август 2017 година, ќе имаме искористено повеќе од природата отколку што нашата планета може да го обнови во текот на цела година.

Според Индепендент критичната точка се падна порано на календарот од кога било досега.

планета Земја

Луѓето веќе го искористија своето право на вода, почва, чист воздух и други ресурси на Земјата за цела 2017 година.

Денот на потрошувањето на ресурсите на Земјата беше на 2 август оваа година, според еколошките групи ВВФ и Глобал футпринт нетворк.

Датумот, порано за оваа година отколку во 2016 година, значи дека човештвото ќе живее на „кредит“ до 31 декември.

„До 2 август 2017 година, ќе имаме искористено повеќе од природата отколку што нашата планета може да го обнови во текот на цела година“, се вели во соопштението на групите.

„Ова значи дека за седум месеци емитиравме повеќе јаглерод отколку што океаните и шумите можеа да го апсорбираат за една година, фативме повеќе риба, исековме повеќе дрва, обравме повеќе и потрошивме повеќе вода отколку што Земјата може да ги произведе во истиот период“.

Според активистите, ќе биде потребно еквивалент од 1,7 планети за да произведат доволно природни ресурси за да одговараат на нашата потрошувачка стапка и популација во пораст.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk