Македонците од Гора со своја кандидатска листа на изборите на Косово

На изборното ливче партијата е на 11 место, а мотото на партијата е „Само единствени за Гора“ . Во областа Гора во падините на Шар Планина имa 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци, кои говорат македонски јазик.

На предвремените парламентарни избори на Косово, што ќе се одржат на 11 јуни, со своја кандидатска листа ќе учествува и партијата на Македонците од Гора „Единствена горанска партија“.

избори во Косово

На кандидатската листа се наоѓаат 13 кандидати од разни делови на целата област Гора.

„На листата се млади и вредни луѓе, кои се залагаат за подобрување на положбата на горанската заедница, зачувување и активно промовирање на нашите културни вредности, обичаи и традиции, како и формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Косово“, изјави претседателот на партијата и носител на листата, Адем Хоџа.

На изборното ливче партијата е на 11 место, а мотото на партијата е „Само единствени за Гора“ .

Хоџа упати апел до сите учесници на изборите, изборниот процес да се спроведе во согласност со меѓународните стандради, да биде фер и коректен.

Во областа Гора во падините на Шар Планина имa 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци, кои говорат македонски јазик.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk