Вук Драшковиќ: Србија да ја прифати косовската реалност

Тој натаму апелира Србија да го прифати планот на поранешниот специјален пратеник на ОН за Косово Марти Ахтисари од 2007 година, како основа за понатамошно продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина што се води во Брисел.

Поранешниот српски министер за надворешни работи и лидер на Српското движење за обнова (СПО), Вук Драшковиќ оцени дека Србија треба да ја прифати и признае реалноста на Косово.

Драшкович

„Реалноста е дека независоноста на Косово денес ја признаваат огромно мнозинство од членките на ОН и на ЕУ, дека Меѓународниот суд на правдата заклучи дека со прогласувањето на косовската независност не се прекршени ниту Повелбата на ОН, ниту меѓународното право, ниту Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и дека околу 90 проценти од жителите (во Косово) се Албанци, а само помалку од шест проценти се Срби“, наведува Драшковиќ во авторски текст во денешниот број на весникот „Блиц“.

Според него, српскиот суверенитет над Косово „постои само на хартија во преамбулата на Уставот“ на Србија.

„Робувајќи и на таа норма, која е надвор од реалноста, државата само трпи огромни загуби и полиитчки, и развојни, и демократски, и демографски и парични“, додава Драшковиќ во текстот.

Тој натаму апелира Србија да го прифати планот на поранешниот специјален пратеник на ОН за Косово Марти Ахтисари од 2007 година, како основа за понатамошно продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина што се води во Брисел.

Планот на Ахтисари предвидуваше „мониторирана независност на Косово“, дека Косово не смее да се припои кон Албанија или која било друга територија, дека српскиот јазик е рамноправен со албанскиот, како и дека српските цркви и манастите во Косово се сопственост на Српската православна црква. Натаму, според планот, на косовските Србите им се гарантираше право на српско државјанство, загарантирани 10 пратенички места во косовското Собрание и дека имаат право на вето на сите закони за кои сметаат дека ги загрозуваат нивните национални, верски или граѓански права.

Косовските Албанци под притисок на Западот го прифатија планот на Ахтисари за стаусот на Косово, но Србија го одби, по што тој беше блокиран од Русија во Советот за безбедност на ОН.

„Да го потпишеме договорот за севкупна нормализација на нашите односи со нив. Непријателството се гаси со пријателство“, порачува Драшковиќ во авторскиот текст во „Блиц“.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk