Познати имињата на фудбалските тренери од школата на Барселона во Охрид

По барање на учесниците и големиот интерес за учество во фудбалскиот камп, пријавувањето продолжува до 16 август 2017 година.

Jesus Almansa Monserat, Jonatan Lopez Albiach, Marc Montero Casado, Guillem Costa Pinazo, Albert Batalla Fernandez, Oriol Gutez Lopez и Hector Carmona Pastor.

ФК Барселона

Ова се имињата на тренерите од фудбалската школа од ФК Барселона кои во периодот од 21 до 27 август 2017 година ќе ги пренесат своите фудбалски вештини и знаења на учесниците во фудбалскиот камп кој што ќе се одржи на терените на СРЦ „Билјанини извори“.

На кампот ќе можат да земат учество деца од 6-16 години, кои ќе ги учат фудбалските вештини од врвни фудбалски тренери на фудбалската школа на ФК Барселона, а тренинзите ќе бидат поделени во две групи: од 6-10 години и 10-16 години.

По барање на учесниците и големиот интерес за учество во фудбалскиот камп, пријавувањето продолжува до 16 август 2017 година.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk