„Детски свет“ на Долни Сарај во чест на Денот на младите

Проектот „Детски свет“ е во организација на Центарот за креативен развој „Арт вивенди“, во соработка со Министерството за култура, „Охридско лето“, Зоолошката градина од Скопје, средните училишта од градот Скопје и други, а е работен според идеја на Дејан Лилиќ.

Во пресрет на утрешниот Интернационален ден на младите, од фестивалот „Охридско лето“ го најавуваат проектот „Детски свет“, кој има за цел приближување на културата до најмладата публика.

детски свет 1

Преку јавна презентација со изложби и претстави на најмладите, како што информираше директорката Сузана Вренцовска, пред публиката на сцената на Долни сарај ќе се презентира значењето на најголемата музичко-сценска манифестација, но исто така ќе се даде поддршка на активностите на младите кои преку креативни идеи ќе го развијат интересот за следење на културата. Настанот е закажан за утре, во 12 часот.

детски свет 2

„Настаните на кои се промовира креативноста во голема мера ќе придонесат за збогатување на фестивалската програма, а најголем бенефит е создавањето на фестивалската публика уште од училишна возраст. Токму затоа, оваа проектна иницијатива е долгорочен бенефит, како за фестивалот, така и за градот и за државата. Младите како дел од општеството ја градат иднината на државата и затоа е потребно да се отворат вратите на културата. Отворајќи ја токму за нив сцената на „Охридско лето“, ќе ја всадиме уметноста во длабочината на детската душа, како и почитта за високите уметнички стандарди“, нагласи Вренцовска на денешната прес конференција.

Проектот „Детски свет“ е во организација на Центарот за креативен развој „Арт вивенди“, во соработка со Министерството за култура, „Охридско лето“, Зоолошката градина од Скопје, средните училишта од градот Скопје и други, а е работен според идеја на Дејан Лилиќ.

детски свет 3

„Во проектот се вклучени деца од 3 до 5 години, но и од 5 до 15 години. Иницијативата започна од март годинава, а самото финале ќе биде на „Охридско лето“. Датумот 12 август е симболично одбран како светски ден на младите. Ние сме единствена земја во регионот која го слави Денот на младите на овој начин, на најголемиот фестивал во регионот „Охридско лето“ и мислам дека за првпат тука младите ќе презентираат нешто што излегува директно од нив“, рече Лилиќ.

Тој нагласи дека градот Охрид е избран за домаќин на проектот бидејќи е колевка на културата и писменоста во Македонија.

ОХРИД 24                                                                                                                                     П.Д.

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk