Кај Ќафасан полицајци делеа флаери и совети за заштита од пожари

Во рамки на соработка на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и и Јавното претпријатие „Македонски Шуми“-подружница Струга, вчера на граничниот премин „Ќафасан“ беше реализиран превентивниот проект „Лето без пожари“.

Во рамките на кампањата „Лето без пожари“, продолжуваат мерките и превентивното делување за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари на подрачјето на СВР Охрид.

флаери 1

„Кампањата е со цел поголема контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, поактивно следење на состојбите во шумските појаси, заштита, навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите релевантни субјекти за координирано преземање на неопходни активности и навремено локализирање на пожарот“, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Во рамки на соработка на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и и Јавното претпријатие „Македонски Шуми“-подружница Струга, вчера на граничниот премин „Ќафасан“ беше реализиран превентивниот проект „Лето без пожари“.

флаери 2

Полициски службеници од граничната полиција Регионален центар Запад и претставници на Јавното претпријатие, ја реализираа едукативната кампања со делење флаери и едукативни совети до патниците на граничниот премин „Ќафасан“ за влез во Република Македонија за заштита од пожари и намалување на опасностите по шумите и националните паркови.

Една од целите на проектот е јакнење на јавната свест кај граѓаните за неопходната заштита на шумите како национално богатство од пожари, навремено забележување и информирање за настанат пожар до релевантни субјекти за нивна брза реакција, навремено организирање на дополнителна помош во опрема, техника, сили и средства со цел преземање на заеднички понатамошни мерки.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk