СВР Охрид објави детали за убиството на Дилавер Бојку

СВР Охрид и полициската станица во Струга преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на сторителот на казненото дело „убиство“ извршено вчера во 16 часот и 30 минути во ресторантот „Аква блу“ во Струга.

СВР Охрид

Притоа, од здобиени повреди од огнострелно оружје, во општата болница во Струга починал Дилавер Б. (55) од струшкото село Велешта. Тој, на хируршкото одделение бил донесен во бесвесна состојба каде од страна на медицинска екипа укажана е лекарска помош и по неуспешна реанимација ,констатирана е смрт настаната од огнострелно оружје.

„На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Струга во содејство со полициски екипи. Притоа, констатирано е дека казненото дело е сторено на терасата од ресторантот „Аква блу“ каде седел сега починатиот Дилавер Б. Во негова непосредна близина се приближило засега непознато машко лице кое, во правец на главата му вперил пиштол и испукал еден проектил нанесувајќи му огнострелни повреди во пределот на темпоралната регија од левата и десната страна. Потоа, засега непознатиот сторител со трчање го напуштил ресторантот бегајќи кон улица „Партизанска“. Со цел да го фатат и задржат сторителот, по него се упатиле две лица, но истите се откажале од намерата откако засега непознатиот сторител и кон нив испукал два проектили“, информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

По наредба на Јавен обвинител, врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk