Пред пливачкиот маратон исчистено пристаништето во Свети Наум

Беше опфатено сечење на нараснатата алга околу пристаништето, собирање на комунален отпад и кастрење и уредување на врбите покрај плажата.

По налог на комуналната инспекција во соработка со охридската капетанија и со локалната самоуправа како организатор на пливачкиот маратон, ЈП „Охридски комуналец“, во текот на вчерашниот ден изврши чистење на пристаништето во комплексот „Свети Наум“.

пристаниште 1

Беше опфатено сечење на нараснатата алга околу пристаништето, собирање на комунален отпад и кастрење и уредување на врбите покрај плажата.

пристаниште 2

Целиот отпад беше собран и депониран од страна на претпријатието. Во текот на денешниот ден екипите ќе бидат ангажирани на чистење на патот од селото Љубаништа до влезот во комплексот.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk