22 учесници во трка за медали на Охридскиот пливачки маратон

На прес конференцијата пред почетокот на маратонот македонскиот пливачки маратонец Евгениј Поп Ацев и победник на маратонот во 2015 година, посака поволни временски услови, најави дека е во одлична форма и очекува да се качи на победничкиот пиедестал на годинешниот Охридски пливачки маратон.

22 учесници од кои 15 во машка и 7 во женска конкуренција денеска точно напладне ќе влезат во водите на Охридското Езеро кај Свети Наум со надеж дека ќе бидат први на 31 издание на Охридскиот пливачки маратон. Првите маратонци се очекува да присигнат на целта кај градското пристаниште околу 17 часот.

маратон2016

На прес конференцијата пред почетокот на маратонот македонскиот пливачки маратонец Евгениј Поп Ацев и победник на маратонот во 2015 година, посака поволни временски услови, најави дека е во одлична форма и очекува да се качи на победничкиот пиедестал на годинешниот Охридски пливачки маратон.

„Ние како генерација која сега се грижи за опстојувањето и реномето на оваа врвна светска спортска манифистеција, оддаваме должна почит кон сите учесници, победници, организатори и помагатели на досегашните маратони и оставаме аманет тоа да го прават и идните генерации“, рече на прес конференцијата градоначалникот Никола Бакрачески.

Главен организатор на маратонот, чиј покровител е претседателот Ѓорге Иванов, е Општина Охрид во соработка со Пливачката федерација, Агенцијата за спорт и млади и Сојузот на спортските федерации на Република Македонија.

Поради состојбата и последните случувања околу пливачкиот маратон во Охрид, оваа година, Агенцијата за млади и спорт одлучи да издвои двојно повеќе финансиски средства со цел да се одржи континуитетот на оваа традиционална манифестација.

Охридскиот пливачки маратон како традиционално спортско натпреварување е дел од Гран при серијата на Меѓународната пливачка федерација.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk