Промовирано новото повеќенаменско спортско игралиште во Охрид

„Токму овој терен претставува реинкарнација на спомените од изгубениот маалски полигон, којшто знам дека буди убави чувства кај охриѓани, особено кај оние од постарата генерација, коишто со години и децении наназад другаруваа, спортуваа и се рекреираа на ова место“, додава Бакрачески, кој е убеден дека повторно ќе се пробудат спомените, но и ќе се поттикне спортскиот дух кај охриѓани и на овие спортски терени ќе се одржуваат бројни спортски манифестации.

Општина Охрид вечерва го организираше настанот „Играј баскет со локалната“, во духот на промоција на спортот и здравите животни навики, а со цел да се возобноват спомените на поранешниот градски полигон кај економското училиште во градот. Преку настанот официјално беше промовирано новото повеќенаменско спортско игралиште кое ќе биде дел од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

баскет локална 1

баскет локална 2

Градоначалникот Никола Бакрачески, секретарот Спасески, директори на јавни претпријатија и советници во Локалната самоуправа одиграа пријателски натпревари во баскет против помлади охриѓани.

баскет локална 10

„Со ова сакаме да ги натераме луѓето да се дружат, рекреираат и спортуваат, да споделуваат заеднички моменти од секојдневието. Ја искористивме приликата на ова новоизградено повеќенаменско игралиште, кое се градеше на поранешното, би рекол неугледно и хаварисано игралиште во средното економско училиште“, изјави градоначалникот Бакрачески.

баскет локална 9

Тој посочи дека со тоа е реализиран еден мошне добар проект, којшто претставува континуитет и продолжување на она што Општина Охрид четири и пол години го инвестирала во спортската инфраструктура, со изградба на голем број на спортски терени и игралишта.

баскет локална 8

„Токму овој терен претставува реинкарнација на спомените од изгубениот маалски полигон, којшто знам дека буди убави чувства кај охриѓани, особено кај оние од постарата генерација, коишто со години и децении наназад другаруваа, спортуваа и се рекреираа на ова место“, додава Бакрачески, кој е убеден дека повторно ќе се пробудат спомените, но и ќе се поттикне спортскиот дух кај охриѓани и на овие спортски терени ќе се одржуваат бројни спортски манифестации.

баскет локална 3

баскет локална 4

баскет локална 6

баскет локална 5

Средствата за изградбата на повеќенаменското спортско игралиште се обезбедени од Агенцијата за млади и спорт, а проектот е реализиран со логистичка и техничка поддршка на Општина Охрид и јавните претпријатија.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk