Хуманитарен пијано концерт на Викторија Митеска во ОМУ „Методи Патче“

Во рамки на своите хуманитарни активности Црвен крст Охрид преку Клубот на млади Охрид организира хуманитарен пијано концерт на кој ќе настапи талентираната пијанистка Викторија Митеска, која е во класата на проф. д-р Ана Гацева.

хуманитарен пијано концерт

Хуманитарниот музички настан ќе се одржи вечерва во просториите на основното музичко училиште „Методи Патче“в во Охрид, со почеток од 19 часот.

Влезот е слободен, а средствата собрани во собирните каси на Црвен крст Охрид поставени на влезот, ќе бидат наменети за здравствените потреби на лица со социјален ризик од Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk