ВИДЕО: Голем пожар на просторот од охридската касарна

Голем пожар ја зафати поранешната охридска касарна „Михајло Апостолски“ пред повеќе од еден час.

Причината за пожарот засега не е позната.

касарна пожар 1

Гори сува трева и високи стебла во самата касарна. На терен се екипи на противпожарната единица на град Охрид, а во гаснењето на пожарот активно е вклучено и локалното население.

касарна пожар 2

Високите пламени јазици се видливи и од централното градско подрачје. Пожарот предизвика голема вознемиреност кај локалното население.

ОХРИД 24                                                                               извор: Регионална О2 телевизија

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk