Фондацијата Македонско наследство „Тодор Александров“ донираше училишен прибор

Училишниот прибор ќе биде поделен на учениците од социјално ранливите категории.

Фондацијата Македонско наследство „Тодор Александров“ од Ресен денеска му донираше 250 пакети со училишен прибор на ООУ „Ѓорче Петров“ од Скопје.

донации 1

Училишниот прибор ќе биде поделен на учениците од социјално ранливите категории. Исто така сакаме да истакнеме дека Фондацијата преку извршниот директор доцент д-р Никола Митровиќ Бабе и училиштето преку директорот Зоран Бошкоски потпишаа и меморандум за понатамошна соработка, велат од фондацијата.

донации 2

Оттаму посочуваат дека ќе продолжат со ваквиот вид на донација низ територијата на Македонија во различни временски интервали, со што се истакнува значајноста на образовниот циклус на секој ученик.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk