Почнува пролетниот циклус од „Час за детски приказни на англиски јазик“

Уписите се во тек и ќе траат до 20 септември. Заинтересираните родители со своите деца се добредојдени во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 8-16 ч., каде ќе можат да дознаат повеќе за содржинскиот дел од програмата и да пополнат соодветната апликација.

Од Црвен крст Охрид информираат дека ќе започне пролетниот циклус од едукативната програма „Час за детски приказни на англиски јазик“, кој ќе стартува на 21 септември 2017 година и ќе трае 15 недели.

Црвен крст Охрид

Час за детски приказни на англиски јазик“ е програма која постои повеќе од 8 години во рамките на програмските активности на Црвен крст Охрид и е наменета за деца од 4 до 7 годишна возраст. Оваа интересна програма овозможува поттикнување и развој на креативноста, емоционалната сигурност, хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст.

Тимот волонтери кои ја водат програмата, на забавен и интерактивен начин ја поттикнува љубовта кон книгата и знаењето и користењето на англискиот јазик кај дечињата. Користејќи ја детската литература на англиски јазик од библиотеката во Црвен крст Охрид, дечињата учат како да се грижат за книгите, да ги чуваат, изнајмуваат, читаат и враќаат. Преку песничките и друштвените игри се овозможува децата да се дружат меѓу себе и да ги јакнат комуникациските вештини.Катчето за креативни работилници нуди одлична можност за поттикнување на креативноста, истражување и користење нови материјали и техники.

Покрај програмата за децата, оваа програма е надополнета со организирани дискусиони групи за родители. менторирани од страна на стручни лица од различни области, според потребите и желбите на родителите (педагози, психолози, педијатри, стоматолози, социјални работници…).

Уписите се во тек и ќе траат до 20 септември. Заинтересираните родители со своите деца се добредојдени во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 8-16 ч., каде ќе можат да дознаат повеќе за содржинскиот дел од програмата и да пополнат соодветната апликација.

Исто така информации и запишување за следење на оваа програма може да се изврши и со електронска апликација на фејсбук страната на Црвен крст Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk